Како против кармата изиграв нерешено во гости
Автор: Томислав Гошевски
Година на издавање: 2017
Не, оваа приказна нема вовед. Целиот мој предходен живот и секојдневните животни лекции, искуства и “километражата” мината главно по лоши патишта се воведот во мојата пустинска приказна. Мислите и настаните запишани и раскажани од прво лице овде, во најголема мера се резултат на симбиоза помеѓу мојата упорност и кармата која маестрално најде начин и ме фрли во канџите на суровиот свет на цивилните контрактори кои (making other people happy) си го уништуваат својот живот по белосветските воени зони. Јас едноставно не можев а да не бидам подготвен за се што ми се случуваше во периодот помеѓу Мај 2008 и денес во Скопје, Кувајт, Дубаи, Кандахар, ФОБ Апачи во Југоисточен Авганистан, Багдад, покрај Еуфрат околу сириско-ирачката граница, во Ербил, Курдистан и на некои чудни аеродроми како во Оман или понормални како во Хјустон, Виена или Чикаго. Него…друго ми беше муабетот…. Како против кармата изиграв нерешено во гости