Госпоѓица Кејтсон
Автор: Елена Стаменковска
Година на издавање: 2018
Овој роман пулсира со една динамика која ја интензивира содржината во целоста на нејзината стегнатост, сигурност и неконфузност во процесот на следење на настаните. Во него е раскажана животната филозофија на главниот лик, Алберт, сликар којшто разочарувањата го заробиле помеѓу четири ѕида, затварајќи му ги вратите кон надворешниот свет. Испревртените и нејасни патишта го доведуваат до една личност која му ги покажува вистинските вредности што тој ги има заборавено. Таа мистериозна личност, која тој сака да ја нарекува негова госпоѓица, му го променува животот и му подарува нешто што тој никогаш претходно не го добил. Но, како што секоја чудна приказна завршува со неочекуван пресврт, така и оваа невозможна љубов ќе се претвори во нешто непредвидливо. Крајот на романот не го носи и крајот на приказната на Алберт, туку токму напротив, го носи почетокот на неговиот нов живот.