Океан од соништа
Автор: Афродита Џафери
Година на издавање: 2018
Книгата „Океан од соништа“ ги опишува мечтите и соништата кои реалноста ги прегазува. Во неа авторката зборува за љубовта кон семејството, пријателите, првите симпатии, луѓето, животните, секогаш барајќи некаков си одговор. Во суштина поезијата е инспирирана од одредени случувања во нејзиниот живот, но сепак понекогаш го бара надреалното и невозможното, мечтаејќи по нови хоризонти.