Крилјата на љубовта
Автор: Оливера Ширговска
Година на издавање: 2018
Кога во утрата се создаваат акордите на душата, и секој тон нежно го допира срцето...Нежни тонови во кои диши љубовта, и тивките треперења. И секој стих, се врежува во потсвеста, ја носи магијата на крилјата од поезијата. Раскошна убавина, која ја плени човечката душа да се предаде на далгите од морето од стихови.. Шепотења, кои тивко, нечујно допираат до сетилата и ја будат заспаната убавина..Да се создава, да се пишува со трепетни воздишки, со занесот, и восхитот.. Да се исплете еден љубовен венец на раскошот во срцата.. И да се живее со мислата испратена во далечините на хоризонтот... Да ја допре сродната душа, која читајќи ги стиховите, ја допира магијата на пишаниот стих....