За 30 дена...овојпат
Автор: Душко Трифуновски
Година на издавање: 2018
Поради еден изгубен паричник и два помешани билети, двајца млади луѓе не се свесни дека судбината им е однапред запишана, да мора да се сретнат. Повторно! Замешува прсти традицијата. Која е причината, та традицијата да всади мисла на самоубиство, а крајот....неизвесен до последната страница. Се поставува едно прашање: Зошто девојката од автобусот игра триесетдневна игра? Ликот нејзин е целосно прикриен, како со марама. Приказна која никого нема да остави рамнодушен, а да не се запраша: „Зошто навистина го засака?“ ЗА 30 ДЕНА, ОВОЈПАТ!