Танц од воздишки
Автор: Наташа Алексовска
Година на издавање: 2017
Впрочем, таков е животот,полн со предизвици, откако ќе се родиме сме само една мала воздишка која со тек на време расте, созрева и станува сè поголема. Како што вртат стрелките на часовникот со секоја помината секунда испуштаме по една воздишка, при сите добри, а особено лоши моменти, се бориме со животот што ни го приредува нашата судбина, мака и сепак кога мислиме дека сме го допреле дното или на него сме, тука придружник е воздишката со која треба да влееме надеж дека ќе биде подобро и ќе дојде ден кога ќе се радуваме. Но, секој човек тајно посакува додека е жив да го слушне тој волшебен збор – ТЕ САКАМ, од кој здивот застанува, а безброј воздишки летаат во воздух, или ќе почине и нема никогаш да го почувствува на своја кожа. Како за сè што има и постои крај, така некогаш ќе дојде и нашиот, тогаш ја испуштаме последната воздишка која се испумпува од нас. Не, овде не е крај, ниту почеток, нека биде средина, па затоа драги читатели препуштете се во читањето, уживајте и танцувајте по моите ноти, но и воздивнувајте, бидејќи ЖИВОТОТ Е ТАНЦ ОД ВОЗДИШКИ кој го свири секој човек на свој начин, на нашиот клавир што живот значи, го играме својот балет, а кога ќе паднеме – повторно ќе станеме затоа што треба да се живее со полна пареа, каде белите дирки од клавирот ги означуваат нашите среќни, додека црните се тажните моменти, идеалното го нема никаде.