Сердарот
Автор: Григор Прличев
Година на издавање: 1860
Григор Прличев е еден од најзначајните претставници на романтизмот во македонската литература. За својата поема ‘’Сердарот’’,тој го добива ловоровиот венец и се закитува со епитетот ‘’втор Хомер’’. Поемата како литературен жанр е карактеристична за европскиот романтизам, но таа е присутна и во македонската романтичарска литература. Поемата “Сердарот” е објавена во 1860 година и во оригинал е напишана на грчки јазик со оригинален наслов “О арматолос”. Како инспирација за поемата на Прличев му послужила народната песна за Кузман Капидан што ја запишал Кузман Шапкарев, а која воедно претставува и најдолагата македонска епска песна.