Нецензурирана
Автор: Игор Лозаноски
Година на издавање: 2017
Oва е последната, петата збирка поезија од циклусот „Така дуваше ветерот“. Насловена е како „Нецензурирана“. Овде има доста песни преполни со гнев за светот околу нас и за некои работи кои не сакаме да си ги признаеме. Oвде се поместени песни кои се поврзани претежно со историја, политика и глобализација. Има и лични интимни песни поврзани со загуба на блиски луѓе. Во неколку песни има огромна доза на иронија. Дел од песните би требало да припаѓаат, барем стилски, кон Едноок или Црната Жена, но поместени се овде затоа што на поексплицитен начин ги кажуваат работите кои се околу нас. Со тоа се заокружува целиот циклус на „Така дуваше ветерот“.