Прашина и песок
Автор: Сотир Георгиевски
Година на издавање: 2017
Скроени во поезијата, поетот Сотир Д Георгиевски, ги шие стиховите, како најубави фустани во разни бои, украсени со бисери и бесценето камење, подготвени за најубавиот бал. Тој во Збирката „Прашина и песок“, ги опфаќа, не само своет време на живеење, туку и минатото и иднината. Говори за животот, за некои страдања, од љубовта, од болката и од секојдневието. „Прашина и песок“, е дело со кое авторот, сака да каже, дека тоа е животот, еден го имаме и треба повеќе да му се посветиме. По животот, се е прашина или песок. Недвосмислено, поетот отворено пишува во својот ракопис, за сите теми, сите страдања и срцеклици. Од љубовта полека стигнува до болката од љубов, од животот. Тој повторно и повторно, не потсеќа на животот, кој е полн со предизвици, радости и таги, лаги и чесно и нечесно население, населено во солитерот од прашина, што го нарекува живот.