Изгубениот албум
Автор: Жаклина Филипова Свеќаровска
Година на издавање: 2017
„Изгубениот албум“ е втора поетска книга на Жаклина Филипова- Свеќаровска. Содржи 50-тина песни, поделени во пет тематски циклуси. Станува збор за интимна, рефлексивна и социјално ангажирана лирика. Песните од збирката се создадени во периодот 2012-2016 година, период на особено бурни општествени превирања, но и период на лична драма на авторката, којашто во споменатиот период има извојувано битка за сопствениот живот, по тешка повреда на вратниот ‘рбет. Сите тие моменти и мотиви се проткајуваат низ збирката насловена според една од песните од првиот циклус, говорејќи за чувството на изгубеност и оттуѓеност, на очај и борба, на страв пред животот и жедта за живот.