Фиктивни запознавања и разделби
Автор: Јасмина Бојковска
Година на издавање: 2017
“Можеби некогаш се запознавме. Можеби и сега се знаеме. Не. Сега сме други. Тогаш бевме други. Тоа беше минато. Минато кое понекогаш ѕирка во сегашноста. За иднината и подобро да не знаеме. Некогаш мора да се разделиме. Секогаш доаѓа до разделба. Порано или подоцна. Да видиме што ќе ни остави разделбата, ако и воопшто е разделба. Можеби само физичка, поретко умствена.” “Фиктивни запознавања и разделби” е наслов својствен за сите напишани текстови, кој беше смислен за неколку минути. За разлика од брзо смислениот наслов, текстовите беа трпеливо пишувани со години. Во време, кога тешко ги искажуваме своите чувства, потискајќи ги длабоко во себе, секој ќе се пронајде и препознае, ако не во сите, барем во некој од текстовите. Комбинација од брутална а, истовремено и кревка искреност, извадена од најдлабоките комори на внатрешноста на битието и секојдневна контрадикторност и борба со оние чувства кои ги потискаме во себе. Токму тие, еден ден би можеле да не уништат.