Соништата се реалност во Манчестер
Автор: Лорета Цамбрцоска
Година на издавање: 2017
Книгата е богата со самото тоа што во неа е опфатена љубовта. И тоа љубовта кон еден магичен и моќен град - Манчестер, љубовта кон семејството, љубовта кон саканиот и секако љубовта кон животот. Чудно е да не си чуден, е пораката која ни ја открива главниот лик, кој длабоко верува во остварување на својот сон кој доаѓа од другата страна на светот, за која веруваат малкумина. За едно такво сонување да биде реалност, не треба ништо друго освен вистинското место. Место како Манчестер. Дали сонуваме и дали ја слушаме стварноста истовремено? Дали ликот од овие две распреплетени приказни, кој лебди помеѓу овие две прашања ќе се разбуди и ќе го заборави сонот, како и сите други дотогаш или ќе ја прифати стварноста да тргне по негово остварување?