Сонот на малата пеперутка
Автор: Маја Арминовска
Година на издавање: 2017
И пророците и светиците заплакаа на пустата судбина на најмирната девствена девојка, чиj разум беше преплавен со товарот на тајната кога разоткри дека е прељубена. Правењето добро на таа девојка, прегазена од жена за забава, преполна со злоба на душата, ја преобрзила нежноста во крваво насилство и едно трезвено уживање во мачење на пролетното цвеќенце, штотуку созреано за љубов. Баш без причина, токму заради неа, авангардата со таква неличотија, на која ѝ фалеше женскост, заедничкиот миг ѝ го претвори во шокантна судбина, што наликуваше на празен аквариум со мртви риби. Градот е кренат на нозе од разулавената вистина, за памтивек да се раскажува приказната на грешните телесни задоволства, што младата иднина ја преобрази во груба судбина, ги затвори раширените крилја, на шарената разиграна пеперутка, на која очигледно многу ѝ задоцни среќата... Го скрши летот на кревките крилја, кои искрено мечтаеа за наша иднина. Ја откина насмевката од детските усни со својата цврста одлука, испадувајќи ја желбата на малата пеперутка слатко да сони во мирисот на цветот сред кој ни распупија чувствата. Таму само спомен остана на среќни дни во недоброј и горка помисла на секоја солза што се тркала и постојано ме потсетува дека прескапо ме чинеше цената на твојата љубов и совршенството да те љубам. Ја наплатив со целата своја младост за да ме наградиш со најгорката казна пред сопствените очи да го гледам себе посакуваното царство од сни како со друга го делиш. Има љубов недопрена од водотекот на годините, неомината од танцот на сказалките низ времето...