Песни за деца
Автор: Маја Арминовска
Година на издавање: 2017
Детското срце е споменар, во него се кријат најубавите спомени, годините од безгрижна детска игра, па се до зрела личност, сите родителски пораки, поуки и научение. Детската фантазија е божилак со разнобоен колоритетен спектар, преполна со имагинации, илузии и дозволени халуцинации за посакуваните нешта, било да е тоа подарок, љубов во детските очиња или пак изгубено другарств кое сака да се поврати. Во тој розов свет на сништа нема злоба, нема човекољубие, пакост. Таму цвета добрина, на која возрасните треба да се огледаат. Песните за деца обично изобилуваат со преплет на ритам и рима, за да бидат попелилви, поедноставни и на ниво на еден свет наречен безгрижно детство, во кое секој би сакал бар на миг назад да се поврати и да го застане времето, да го поврати часовникот на годините најубави, засекогаш поминати. Песни за деца, рој инспирација преполна со спокој, во која душата опуштено твори...