Чувар на моето срце
Автор: Теодора Боцевска
Година на издавање: 2017
„Да постои зборот „засекогаш“ во вистинска смисла на зборот, тогаш тоа „ засекогаш“ би го поминал само со тебе.“ Го знаете ли она чувство кога сте на чекор до остварувањето на најголемите соништа? За момент помислувате дека го поседувате светот , дека иднината е во вашите раце... Но, што ако универзумот има други планови за вас? Минатото неретко сервира болка, иднината непредвидливост и страв... Останува сегашноста како можност за испишување на нови поглавја во животот. Лија е амбициозна девојка, која се труди да го оствари својот најголем сон и конечно да стане новинарка во познатото списание за мода „СТИЛ“. Но, тогаш се случува пресврт во нејзиниот живот и таа е принудена да се збогува со своите соништа. Секогаш кога се затвора една врата, друга широко се отвора! Единствено и преостанува да се качи на малиот брод, кој плови во полето на надежта. Знае дека тој брод ѝ е единствениот излез од бурата која владее во нејзиното немирно море. Петар е тотална спротивност од Лија. Мрзелив, на моменти бесчувствителен, женкар... Но, сето тоа се менува кога Лија ќе се појави во неговиот живот и му ја покаже суштината на живеењето. Тој станува чуварот на нејзиното срце, а таа на неговото! Ова е приказна која докажува дека границата помеѓу љубовта и омразата е тенка, речиси невидлива. Во ова дело Лија и Петар ќе ни покажат колку е важна вербата и надежта во нашите животи!