Така дуваше ветерот-Барок и романтизам
Автор: Игор Лозаноски
Година на издавање: 2017
Прва збирка поезија од циклусот наречен „Така дуваше ветерот“. Обработува теми од секојдневието кои не зависат од нашата лична воља и на кои ние, како поединци, колку и да се трудиме, не можеме да влијаеме. Првата збирка е со поднаслов „Барок и романтизам“, што го прикажува општеството во кое моментално живееме. Мислиме дека живееме во модернизам или евентуално постмодернизам, но само се себезалажуваме. Една од песните зборува токму за тоа. Има уште една песна со истата или слична тематика насловена „На секој чекор нов столб“. Таа ни дава приказ на градежното раздвижување што се случи во Скопје. Работи кои можеби требало некогаш да се изградат и да одат едно по едно наеднаш се изградиле. Обаботува песни од секојдневието, за сѐ она што ни смета и не тишти, а не можеме да го смениме. Изобилува со силни чувства, како гнев, патриотизам, проткаено со доза на оптимизам и иронија, а завиено во желби и мечти.