Пеплосана
Автор: Маја Арминовска
Година на издавање: 2017
Сред душата пеплосана само солзата знае да царува во едни несреќни очи, само тагата знае да патува по образите кои заборавиле за насмевка. Несреќата е неодречлива друшка на едно секојдневие. Како тело од кристал се крши секој подем во нејзините дланки, па честопати се кутара по скалите од падот. Телото лежи врз трње од ружите непобедливи, непреболиви. Уште неколку неискачени скалила на амбицијата ја прават како ѕвезда без сјај, мртво парче без постоење сред божествена галаксија. Секоја нова понуда за љубов е како горчлив пелин по раните во едно срце, блуткава сласт на усните. Скоро невозможно денес е да се извојува чесно место на територијата, каде туѓите претци ја откупиле среќата за своите наследници. Срцето во опачина со голема мака ја пулсира каливата пот спрегната по коритото под име животно битисување на една емоција премлада и прерано пеплосана...