Оти Авертим
Автор: Николинка Митрева
Година на издавање: 2017
Збирката се состои од 84 залаци кои се надеваат дека ќе ги пронајдат своите прибежишта. Секое пакување од емоции се калемело низ последните се уште не наполнети две години, уживајќи во комфорот на својата интровертност. Низ вртологот од букви, се пресликуваат конфузни, меланхонични рецепти за надминување нанавидум бестежинска тага и страствени изливи. Играат криенка со фракција од мислите во универзумот, дебатираат за излезот од претопувањето со средината, јачат низ семето на заборавот. Недефинирани, алогични излези од зоната на чувствата. Главниот двигател спие во изнемоштените раце на аргатот кој ревносно се обидува да го прероди заминувањето на својата муза. Поезија која можеби не се вклопува во стандардната дефиниција за една цела светлосна година.