Песни за мали и големи
Автор: Викторија Митевска
Година на издавање: 2017
Дело наменето за помладите и за постарите генерации. Дело напишано во поедноставен стил, доволно разбирливо за секого и опфаќа најразлични теми од секојдневието и животот. Станува збор за теми кои се важни за сите нас, на пример слободата е нешто кон кое сите тежнееме и сакаме да ја зачуваме, желба на сите е да живееме во слобода и мир. Другарството и љубовта се присутни во нашето секојдневие, ги чувствуваме длабоко во нас, ги доживуваме заедно со некој близок, ги возвишуваме. Oва дело испраќа една моќна порака за тоа колку многу треба да се сакаме и да се почитуваме бидејќи само на тој начин ќе има среќни и исполнети луѓе. Само тогаш светот ќе биде подобро место за живеење, место на сплотени и задоволни луѓе. Токму преку песна најдобро може да се пренесе нешто толку возвишено и свето, преку зборовите најдобро може да се искаже секоја мисла, желба, идеја. Зборот го кажува она што го кажува и разумот, но и срцето. Затоа оној кој твори, пишува, создава и чита е исполнет. Тој е богат човек.