Осумнаесет рози за твоите години
Автор: Александра Донева
Година на издавање: 2017
Пријателството и љубовта, како најсилни гранки на овоземното живеење, ја жигосуваат судбината на еден човек, смртник што безусловно љуби и дарува. Кога умира другарувањето преку физичка поврзаност, преку прегратка, преку допир, остануваат само апстракции, недопирливи надежи за повторна средба. Во тој момент останува само песната да се посвети на поминатото, да се кажат случувањата, незаборавно време на невиното љубење. Останува само стихот да лебди низ напишаните страници, да сведочи за искреноста во релација човек со човек. Ивана беше пријател, сестра и позитива која останува да живее вечно во песната и сеќавањата.