Човекот после мостот
Автор: Блаже Аризанов
Година на издавање: 2017
Човекот после Мостот ќе му се обрати на читателот од Македонија со прашањето дали и колку на еден Македонец му се потребни историски идеали за да ја афирмира сопствената индивидуална вредност, чувство на идентитет и припадност кон нација. Крајот на Човекот после Мостот почнува со прашање кое секој Македонец мора да се обиде да си го одговори во светлината на неговите сопствени околности. Дали можеме ние, луѓето во денешна модерна Македонија да се чувствуваме полесно и посилно доколку се ослободиме од тежината на избледени историски идеали и наместо тоа повторно да го побараме сопствениот идентитет и раскош, овојпат на едно поинакво, подлабоко ниво? Дали можеме ние, луѓето од Македонија да го направиме она што многу други нации веќе го направија во текот на минатите 50 години? Дали ни е потребна историјата и нејзините херои за да вистински се чувствуваме дека сме некој и нешто, дека сме Македонци? Што значи да се биде Македонец? Потенцијален одговор на овие прашања и уште повеќе, платформа за дебата околу истите ќе биде воспоставена во Човекот после Мостот.