Љубовна дестинација
Автор: Теодора Боцевска
Година на издавање: 2017
Има луѓе кои велат дека љубовта на прв поглед не постои. Велат дека таа е само едно клише коешто постои во романите и филмовите. Но, за среќа, има и такви коишто веруваат во љубовта на прв поглед. Јана Јаневска, откако ги губи најблиските и најсаканите во нејзиниот живот, станува работохоличар и единствено утеха наоѓа во нејзините пријатели и колеги. Но, една ноќ таа го запознава Лука, којшто целосно го менува нејзиниот живот. Нивната љубовна приказна за момент наликува на онаа од најпознатите бајки, но како и секоја приказна, така и оваа не е совршена. Дали љубовта е толку слепа што би ја поминала секоја можна пречка? По огромниот број подеми и падови, љубовта на Јана и Лука станува силна и непобедлива. Нивните соништа се остваруваат, нивните најголеми мечти стануваат реалност. Љубовта на Јана и Лука е од оние кои траат засекогаш! Ова е роман што ги следи животите на Јана и Лука. Ова е роман за среќата, надежта, насмевките, тагата, болката, солзите, но пред сè оваа е роман за љубовната дестинација!