Сиот тој блуз
Автор: Оливера Ширговска
Година на издавање: 2015
Прва стихозбирка, елегична исповед на една душа, која диши со стихот. Низ стиховите се исткајани чувствата, кои допираат, милуваат, и тивко шепотат.. За воздишките, за допирот на далгите во срцата,... Една мелодија ма милозвучни акорди со кои е напишана една синфонија на чувства.. СИОТ ТОЈ БЛУЗ, ја отсликува бескрајноста на љубовта, ја пишува вечноста,.. Ја допира синевината на небото, слика со сите бои на виножитото, и сонува со поглед во кој се крие мастило. Стихозбирката претставува еден камерен оркестар кој ги свири најубавите ноти на љубовта. Бескрајната инспирација кога се создаваат сонетите на душата и се ткае килимот на вечноста. Љубов кон саканите, кон тие што ги носиме во срцето, и љубов кон нашите корени, љубов која е вечност - родната земја, татковината.