Благодарам што постоиш
Автор: Јагода Ристеска
Година на издавање: 2017
„Благодарам што постоиш” е книга која ќе Ве одведе на едно емотивно патување. Во неа на магичен начин се испреплетуваат три животни приказни. Ела е млада жена, која по загубата на сопругот, одбива да го продолжи животот и се држи за страдањето како единствена нишка што ја поврзува со него. Бајан е млада жена од Сирија која бега од војната и се доселува во Македонија. Алекс е психолог чие дете има паранормални способности да комуницира со нефизичкиот свет. Само „неслучајни случајности“ ќе ги поврзат тројцата за да си ги изменат животите. Ова дело Ви претставува еден поинаков начин како да погледнете на животот и на светот околу Вас. Исто така, Ве предизвикува да се спознаете себеси како моќно битие на кое Љубовта му е секогаш на дофат.