Безимена
Автор: Симеон Јанков
Година на издавање: 2017
Марко е обичен 40-годишник, кој пред 13 месеци ненадејно ја загубил својата сопруга Маја. На гробиштата запознава две личности: најпрвин една достоинствена старица, чие име не го дознава, па потоа една интересна и убава студентка по име Силвија. Додека е кај неа дома, случајно дознава дека и таа била во Египет пред три години (кога тој бил со Маја), и тоа практично на исто место и во исто време. Тој се повеќе се убедува дека Силвија е реинкарнација на Јасна, неговата најдобра другарка од детството, која умрела на 11 години. Му надоаѓаат спомени од дамнешните детски дни, а се сеќава и на Маја. Таа знае да се шегува и одвреме – навреме да го збуни. Набргу заминуваат за Охрид во нејзината трокатна куќа. Во Охрид му се случуваат чудни нешта, придружувани од волшебното вино на дедото. Врската меѓу сонот и јавето е се послаба, веќе станува несигурен каде завршува едното, а започнува другото.