Детето со променет идентитет
Автор: Родна Јанчева
Година на издавање: 2016
За да го напишам овој роман бев инспирирана од вистински настан кој се случи додека работев како социјан работник. Имено според тогашниот закон за посвојување а кој се уште е на снага, потенцијалните посвоители имаат право да го променат идентитетот на детето. Ова според законот е потполно посвојување, а тоа значи да се избришат од матичната книга на родени биолошките родители на детето а за негови родители да се впишат посвоителите, дури се менува и местото на раѓање на детето. Така детето го губи секој траг со своето биолошко семејство. На детето треба да му се каже дека е посвоено но посвоителите многу тешко се одлучуваат тоа да го сторат. Установата ги чува во тајност вистинските родители и на детето не му ги кажува и покрај тоа што детето ќе инсистира и ќе бара. Во книгата е опишан еден ваков настан на посвоено дете, кое во своето полноледство без да знае се сретнува со своите биолошки сестри и се заљубува во една од нив. Што се случува понатаму ќе откријат читателите.