Малата музичка кутија
Автор: Јована Јаневска
Година на издавање: 2017
Приказна за Јана, девојката која поради професијата на својот татко мора да го напушти своето сакано Скопје и да замине за Дубровник. Семејната тајна која нејзиниот сакан дедо (не по крв туку по душа), соседот Иван, ја раскажува ден пред нејзиното заминување, генерациското пренесување на клетвата на малата музичка кутија, вистинските ликови од бајката за “Дамата со црвената марама”, со која растеше Јана. Борбата со Дубровник, песната на Пабло Неруда - “Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови”, нотите на Стинг и љубовта кон Марко. Клетвата се пренесува и понатаму. Јана расте со мелодијата од малата музичка кутија. Марко доживува сообраќајна несреќа. Ќе има ли Јана уште една огромна причина да го мрази Дубровник? Дали повторно ќе го почувствува мирисот на скопските јорговани, старата скопска чаршија и својот сакан дедо Иван?