Гнев
Автор: Ана Арнаудова
Година на издавање: 2017
Сржта на оваа приказна дава акцент на тоа како е да го живееш неживотот со животот заедно, две нерамнини, црното и белото кое ја претскажуваат иднината и минатото на еден вечен патоказ на сопствениот живот, животот на Анастасија и Роуз. Пурпурниот, крвавиот, егзистенцијалниот, саможртвениот конец на приказната, кој ќе ни биде единствениот патеводител низ лавиринтот на една вртоглаво драматична себезагубеност, себезагубеност и борбеност до крај. Патот кој ги осветлува вратите на една вечна илузија, анимираност и апстракција во очите на еден странец.