Душа раслечена врз хартија
Автор: Маја Арминовска
Година на издавање: 2017
Душа раслечена на хартија.... Не треба да се зборува многу, за да се доживее исконската дума која преовладува во стиховите на поетесата Маја Арминовска. Таа својата душа ја распостила на белиот лист хартија. Водена од ѕвездата која го спојува земскиот живот и галаксиите во подсвеста, за притоа од нејзиното перо да се излеат стихови кои ја кажуваат вистината за едно битисување, за едно постоење. Колку што го љуби животот, таа толку силно го чувствува духовното во себе. Низ стиховите сo трепетни воздишки се доближува до совршенството на севишниот, каде стиховите се всушност молитва за спокој и спас на заталканите души. За веднаш потоа да ја воспева љубовта до совршенството, да ја спореди со идеалноста и раскошот на душата. Кога се љуби и перото станува пердув и денот добива боја. Таа на свој единствен начин знае да нé разгали со стихови и да ја наполни душата со восхит. Да го накваси жедното грло, да го оживее животот , да го разбуди сонот.