Печатот на вистината
Автор: Игор Поп Трајков
Година на издавање: 2017
Намерната двосмисленост на насловот на оваа збирка укажува дека станува збор за поезија која е инспирирана од хипокризијата на современата цивилизација. Значи не знаеме дали на вистината и` е удрен некаков печат или вистината одбележува со својот печат. Но она што е сосема недвосмилено е дека нужноста од вистината се појавува секогаш кога цивилизацијата има потреба од прогрес. Ова е произнесено со нежни тонови или силни крешенда бидејќи поезијата со својата вистинитост е многу поблиску до музиката отколку до литературата.