Песни
Автор: Рајко Жинзифов
Година на издавање: 1863
Поезијата на Рајко Жинзифов е пример за колебањето на интелектуалците од Македонија во деветнаесеттиот век помеѓу бугарската и македонската национално- јазична идентитетска парадигма. Нему му е поблиска една општо-словенска преродба која го прави претставник и љубител на сите словенски култури, кои ги изучува при мачната емиграција во Русија. Оттаму, тој е најизразит пример на дводомен автор – творештвото му припаѓа и на македонската и на бугарската книжевна историја. Во секој случај, неговата поезија покажува висок степен на уметнички израз во контекст на времето во кое се појавува.