Пламени
Автор: Јасна Андреевска
Година на издавање: 2017
Поезија за љубовта, поезија за животот. Стихови јасни, но не и едноставни, стихови со реторски прашања, стихови полни со чувства во својата форма понекогаш обична,а понекогаш разиграна како пламени од оган. Поезија напишана за да биде разбрана од секој кој љуби, копнее, се надева или страда. Стихови кои зборуваат за осаменоста, за тагата и за љубовната болка. Стихови кои ќе останат да постојат поради себе како еден мал дел од вечноста.