Патувањата на големиот ветер
Автор: Наталија Наумовска
Година на издавање: 2017
Патувањата на големиот Ветер го опишуваат животот на ветерот како човек од неговото пристигнување, запознавањето со човечката природа и сите настани што му се случуваат и се поврзани со луѓето. „Животот на Земјата не бил воопшто лесен“ му е омилена и често помислувана реченица. Херојски ќе постапи во една ситуација која ќе биде одлучувачка за понатамошниот тек на настаните. Понатаму приказната продолжува да се гради врз основа на претходните случувања најмногу поврзани со херојскиот чин. Ветерот можеби нема да ја достигне славата на Хари Потер, но дефинитивно заслужува да постои приказна во негово име. Опишани се два дела од патувањето на две различни места на Земјата кои тој ги посети. Со помош на тим од научници кои ќе формираат нова дисциплина тој поминал макотрпен процес за да заслужи да биде квалификуван како човек.