Осцилации
Автор: Рената Пенчова
Година на издавање: 2017
Будно, меко ги отвораме страниците на душата и навлегуваме на корените на оформените, сонливи чувства во книгата. Поезија преплетена со просветлени мисли допира до пулсот на времето, тактот на секојдневието, до тупотот на срцето. Во оваа книга можеме да допреме со одот на безграничноста и бесконечноста на разумот. Памучните зрна и зачнатите нишки на нежност се склопени во стокмените зборови и збратимените реченици кои шират скриена мечта. Песни исковани за навек, издвојувана победа на минатото и црнилата. Зажаруваат нов спокој во секој стих, во секоја совршена воздишка во која се станува сопствен роб на желбата. Освежените зборови и занесните, молитвени реченици кои неотповикливо се фокусираат во центарот на светлината. Читајќи ги стиховите, накаламена исполнителност влегува под кожа, во самракот на утехата брановидни вибрации се пренесуваат во новото срцебиење. Нескротливо се открива прапочетокот на мудроста и наследството на душевните импулси. Поезија која блика од младоликоста на земниот зародиш.