Кога очите зборуваат
Автор: Ангела Тасевска
Година на издавање: 2016
Многу силни, навидум суптилни зборови, многу соништа, многу копнежи, многу желби за нови утра, за една чиста иднина преполна со искрена љубов, ја исполнуваат секоја страница на збирката љубовна поезија „Кога очите зборуваат“. Од секој ред извира една бесконечна позитивна енергија, која за миг се стишува како бран на помината бура, но веќе во следниот налет е сè посилна и посилна.