Самовила Македонска
Автор: Ѓорѓија Пулевски
Година на издавање: 1878
Самовила Македонска е поема напишана од македонскиот национален и револуционерен деец Ѓорѓија Пулевски. Поемата е напишана во 1878 година во Софија Преку песната Ѓорѓија Пулевски ги искажува силните стремежи и традиции македонскиот народ, сакајќи со силен патриотски набој да го крене македонскиот народ на ослободителна борба против поробувачите, потсетувајќи го на сопственото славно минато и историја на Македонија од времето на Филип Македонски и Александар Македонски. Oваа поема е сведоштво за свеста на македонското преродбенско ослободително движење за поврзаноста со Античките Македонци како доказ и стожер за македонската национална посебност и самобитност. Оваа поема е првата објавена поетска творба на Ѓорѓија Пулевски и истовремено е првата македонска револуционерна политичка-патриотска песна со јасна националноослободителна определба во македонската литературна историја