Утешение грешним
Автор: Кирил Пејчиновиќ
Година на издавање: 1840
Утешение грешним е составена од два дела - молитви и беседи. Пејчиновиќ оваа книга му ја испратил на кнез Милош во Србија, надевајќи се на помош за печатење од христијанскиот владетел. Црковната цензура не го дозволила печатењето на оваа книга (содржела бројни турцизми, а и тетовскиот говор пречел), па Пејчиновиќ, обесхрабрен, сторил напори да се обнови солунската печатница на Теодосија Синаитски. Конечно, на теренот на кој живеел македонскиот народ се отпечатила првата книга на македонски народен говор. Во делото е поместен предговорот на издавачот (на Теодосија Синаитски). Текстот го содржи Нифонтовиот тропар,кој содржи различни молитви, приказната за војникот Таксиот кој воскреснал од мртвите, а најобемниот и најоригиналниот дел од оваа книга е Поуката за бракот. Како извори за оваа книга послужиле различни беседи на Илија Минијат, Софрониј Врачански и делата на Јоаким Крчовски.