Ас во ракавот
Автор: Aлександар Николовски
Година на издавање: 2016
Каролина, млада 34-годишна невработена жена, се наоѓа во јазол меѓу својот неодамнешен развод, битката да биде најдобра мајка за својот 5-годишен син Адам и зависноста од коцката. Се обидува да води нормален живот како самохрана мајка се додека не почнува да добива анонимни фотографии во своето поштенско сандаче и се додека еден коцкарски долг не ја принуди да го исценира киднапирањето на сопствениот син за да го заштити и да може да дојде до парите за да го исплати долгот. Но, што кога навидум совршениот план ќе се претвори во совршен кошмар? Работите излегуваат од контрола кога Адам навистина исчезнува, а таа и нејзиниот поранешен сопруг Виктор мораат заедно да ги здружат силите за да го пронајдат својот син, не помислувајќи дека тоа ќе ги заплетка во мрежата на нечија одмазда за смртта на една бремена девојка што се случила пред 15 години. Оваа книга исполнета со многу пресврти никого нема да остави рамнодушен и ќе ви докаже дека секој понекогаш има свој ас во ракавот, некој во партијата покер, а некој кога треба да ја истера правдата до самиот крај.