Секало, кремен и трат
Автор: Гане Тодоровски
Година на издавање: 2005
Огнот е многулик и многуименен, па некаде и некогаш се вика светлина, некаде топлина, некаде пак јаснина - вистина! Без тоа чудо на животот нема ни џагор, ни шум, ни врева, ни песнопеење. А за да се дојде до огнот, и овојпат не заборавајте, ви требаат само: секал, кремен и трат. Не заборавајте ни дека овојпат, зад тоа маѓосно волшепство на огносоздавањето на вивнатиот збор се разискриле четириесеттина стихувани искри. Повелете, разгорете се, уважени читатели, бидејќи отсекогаш на песните им било предречено троа-од-троа по нешто да разгоруваат.