Крвава месечина
Автор: Катерина Шошковска
Година на издавање: 2016
Пишуван во нехронолошки редослед, на јазик напати книжевен, но напати дури и уличен, овој роман, чија фабула се одвива пред сè во измислениот град Андрин, во поширока смисла, се занимава со доброто и злото, меѓутоа не само како спротивставени сили во постојана борба, туку повеќе како испреплетени начела чии граници не се секогаш толку јасно поставени колку што понекогаш мислиме дека се. Во Крвава месечина, всушност, и нема добри или зли ликови толку колку што има ликови што прават злодела од оправдани или неоправдани причини, во зависност, најмногу, од тоа колку читателот ќе може да им најде оправдание.