Од длабочините на моето срце
Автор: Ирена Христова
Година на издавање: 2017
Понекогаш упорно, долготрајно, а залудно, бараме совршени и тешко разгатливи метафори за да ги искажеме своите прашања, недоумици, таги и радости, копнежи и надежи. По долгата и исцрпувачка потрага добиваме во раце збирка стихови кои нé соочуваат со сознание кое не е ново, а сепак понекогаш го забораваме. Тоа е сознанието дека, често, во едноставноста и искреноста е сокриена неоткриената големина на совршеноста.