Црвени ветрови
Автор: Благојче Николоски
Година на издавање: 2016
Книгата која го заслужува апетитот „љубовна сага“ е роман кој зборува за забранетата љубов помеѓу Англичанка и Индиец, чија судбина ќе ги спои на најнеобичен начин. Две различни единки, со различни верувања и начин на живот се спојуваат во едно, соединивајќи ги во единство сите свои различности. Кога судбината го налепила мастилото на пердувот, нешто не може да ја запра да го испише она што го наумила. Романот е сместен во пет земји од кои: Англија, Индија, Пакистан, САД и Словенија, сместен во 1920 година се до 1935. Исто така романот ја обработува врската помеѓу семејството, и што се сме подготвени да направиме за нашите најблиски. Две толку различни семејства, Англиско и Индиско, се соединуваат на чуден начин, искажувајќи ги нивните контрадикции, различности и воедно истакнувајќи ја нивната сличност во многу погледи. Љубовта како мотив се пресликува низ повеќе начини, искажувајќи ја нејзината чистота, и желба за распламтување, не бирајќи средства како тоа ќе се изведе. Кога љубовта е забранета, тогаш таа е најслатка и бара секакви средства за да опстои и се пробие низ бариерите на сите препреки. Има приказни чиј крај се пишува пред време, не знаејќи што ќе се случи пред тоа. „Црвени Ветрови“ е една од тие приказни, чиј крај беше предвреме создаден, не знаејќи сè уште што ќе се случи со ликовите и настаните.