Љубовни звуци и поетски шепотења
Автор: Наталија Наумовска
Година на издавање: 2016
Наталија Наумовска во оваа книга како на свој прв творечки прозен обид ги пренесува своите ламентации поврзани со најисконското чувство – љубовта и проблемот на празнината која ги создава отсуството од возвратена љубов. Компонирани како мини есеи, како варијации на оваа тема, во помал обид овие видувања да станат конкретен прозен запис, Наумовска, најчесто во интимно исповедно форма (на прво лице) говори за несовршеноста на човечката природа да одговори на повикот на воздигнатото чувство, да создаде благосостојба на духот (возљубеноста) која ќе трае, трае. Тоа чувство кое ја храни човечката душа, но неретко, преминува во чувство кое создава голема болка... Она што треба да се истакне во оваа своевидна проза е силната емоција која бара пософистициран израз, но затоа тука е времето како императив пред оваа млада авторка.