На заминување
Автор: Ленче Китанова
Година на издавање: 2016
Стихови преточени во моите песни на стихозбирката „На заминување“ ме притискаа, ми тежеа, сакав да плачам, да тагувам, ама и да се радувам и пеам преку нив. Овие песни ми го обележаа мојот половина век живот! Живот како море изложено на сонце и бури! Па и зарем не е тоа животот? Радување, тагување, плачење, пак радување, тагување, пеење и се така до крајот на патот наречен живот! Животот е еден, дали ќе го нацртаме на платно или ќе го напишеме на хартија, важно е да оставиме белег дека сме постоеле во минатото, за сегашните и идните наши поколенија.