Сиво сјаат вселените
Автор: Стефан Марковски
Година на издавање: 2016
Стихозбирката со која Стефан Марковски ја доби наградата „Бели мугри“ за 2016-та, традиционално признание кое го доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје за најдобра необјавена поетска книга од автор до 35-годишна возраст е осма по ред во едицијата „Бели мугри“ во издание на оваа установа. Стихозбирката „Сиво Сјаат Вселените“ не е само вреден естетски исчекор на младиот поет, раскажувач и романсиер, есеист и антологичар Стефан Марковски, туку, како што пишува во рецензијата, претставува и своевиден влог во процесите и резултатите на современата македонска книжевност. Јас-формата како творечки испис не е само потврда за создавање сопствена своевидна автобиографија, туку и тенденција за сопствено автохтоно дело со личен став и вреднувања за светот и мера за зборот и човекот, просторот и времето. „Сиво сјаат вселените“ содржи 23 песни поделени во 7 циклуси и е четвртата поетска книга во опусот на Марковски.