Светот во световите
Автор: Филип Петровски
Година на издавање: 2016
Интересно е, колку ние знаеме за сѐ околу нас, сѐ до момент кога некој не дојде и ни залепи шлаканица освестувајќи нѐ и како на мали деца ни каже дека единствено нешто што знаеме е тоа колку не знаеме. Делото на Филип не е шлаканица, не тоа е еден мир кој ја има улогата на шлаканицата дури откако ќе се прочита и откако онаа што сме го прочитале ќе нѐ доведе до крајната цел, па таму на изворот, кој како што вели Филип, е длабоко во нас, нѐ дочека прочистеното, вистинско наше јас и нѐ плесне со својата вистинитост. Е, тогаш, можеби, ќе се разбудиме...а можеби, не. Да се напише вакво дело,пред сѐ, бара голема виртуозност во хармонијата со сѐ што нѐ опкружува. Виртуозност во смисла да се осознае суштината на сето онаа што е околу нас, но уште поголема маестралност во осознавањето на онаа што е во нас и нашата перцепција на сето тоа. Така, Филип поаѓајќи од тие три појдовни точки( 1.сѐ што е околу нас; 2. сѐ што е во нас;3. и нашето јас како гледач и учесник)создава едно свето тројство кое го проповеда учителот кој е впрочем главниот лик во сите раскази како камен темелник за осознавање на вистинската вистина која неминовно води кон вистинска слобода. Филип со оваа дело ги руши бариерите на елитизмот во пишување на ваkви дела и храбро застанува рамо до рамо со учењата на Спиноза, Тома Аквински , Будизмот, Христијанството, но на свој оригинален начин. Tој не прераскажува ставови во своите раскази преку устата на учителот, ниту пак докажува постоечки теории преку размислувањата на ученикот, тој сето тоа го кажува на повисоко ниво и со силата на своето перципрање и разбирање на светот. Донесува свои заклучоци и свои видувања водејќи го читателот до кругот во кој животот и смртта се поништуваат со бесконечноста. Книгата е поделена на раскази во кои главни ликови се учителот кој е мудрец, кој е бог, кој е грешник, кој е јас,ти, тој секој, но исто важи за вториот главен лик ученикот кој е сите ние. Градината кај се одвиваат дејствијата е еден спектакуларно доловен универзум во кој сите ние живееме