Препород низ бессознание
Автор: Светлана Папачек
Година на издавање: 2015
Ако немате идеја што се случива со младите во последно време, книгава треба да ја прочитате. Ја читате и ве задлабува во психологијата на ликовите. Книгата е сплет на набиени слички, од трагични разговори до халуцинации, па се до некои просветлувачки моменти кои кратко траат. Ова е книга на емотивни турболенции низ кој поминува младиот човек во најубавите и најлудите години од животот. Приказната е толку суштински заплеткана што ќе посакате да се вивнете во тој лавиринт и да бидете херој. Ликовите на самиот почеток делуваат обично и секојдневно, но како што задлабувате во содржината ја откривате нејзината длабочина, ги доживувате во една поинаква несекојдневна димензија, димензија во која се вљубувате.