Во мене другата јас
Автор: Инџи Ахмед
Година на издавање: 2016
Едниот му се лути на огнот, зашто ја изгорела раката, другиот и се лути на раката, зашто допрела. Или огнот ќе го изгаснеш, или раката ќе ја искршиш. Затоа што колку и да и ги скратуваш крилјата, птицата повторно е птица. Тоа е во природата на човекот, таа е една неодоливвост, не можеш да ја промениш. Секој во овој свет е исклучителна единка. И внатрешна мирна вода ли е, или вулканот кој пламти ли е, само единката знае и дали ќе каже или не е во нејзини раце. Исто и тоа, на кого сака да му каже. Пенкалото е доверителот на авторите. Оваа книга е поезија и внатре може да се најдат делови од сите души. Затоа што оваа книга е производ на искуство и емпатија. Не плаши се од пораз, Секако единствен победник е душата.