Надеж
Автор: Соња Гаврилова
Година на издавање: 2016
За да се запознаеме подобро и да ги разберете моите емоции, сведоштва и автентични доживувања, преточени во стиховите на дваесет и една песна како симболика на животот во денешницава на XXI-ви век, треба да ја прочитате стихозбирката - „Надеж”. Таа е посветена на најсветлата и благословена човечка мисија - родителството и грижата за сегашноста и иднината на децата, нашето бесценето и непресушно богатство, кои го заслужуваат најдоборто од сите нас. Чумата на XXI-ви век загадената еколошка животна средина, на глобално, светско ниво, најмногу ги погодува најмладите и најмилите - децата. Го нарушува нивното здравје, им носи болести и болка. Но факторите: храброст, љубов, посветеност, мудрост, непокор, акција и надеж кај сите родители на овој свет, со пораки упатени до „Можниците” со кои заеднички треба да се добие битката за здраво поколение, се „волшебното оружје”, за победа! Затоа, се додека постои детето во секој од нас, ќе постои и надежта дека доброто ќе го победи злото, во нераскинливата врска на биоциклусот, наречен ЖИВОТ.