Повредена
Автор: Теодора Цветковиќ
Година на издавање: 2016
Среќата, копнежот и болката се главните елементи од кои се состои оваа стихозбирка. Пишував за миговите кога мислев дека знам што е среќа, за миговите кога ја дарував невозвртената љубов, на оној кој најмалку ја заслужуваше, за миговите кога почнав да ја живеам болката. Преку песниве на најболниот начин ви ја пренесувам болката. Ништо не е поболно од тоа кога некој кој најмногу го сакаш не ти обрнува внимание, те брише како со гума од неговата животна тетратка, а ти љубиш, молиш за љубов, за внимание, за топлина, но не од секого, од него. Оти тој ти влегол во срцето, тој го пали жарот на љубовта во твоето срце, од него трепериш и поради него тагуваш. Но, таква е љубовта. Боли. Читајте внимателно, љубете страсно и живејте полека.